34-годишна британка, Аманда Тејлор, почина од труење на крвта, два дена откако за роденден си подарила пирсинг на јазикот, пренесуваат светските медиуми.

Според извештајот на полицијата, еден ден по ставање на пирсингот, Аманда се пожалила на болки во грлото, отежнато голтање, по што од матичниот лекар добила терапија против воспаление на грло. Следниот ден паднала во својот дом, а кусо потоа и починала како последица од тешко труење на крвта предизвикано од инфекција на стрептокока.

Според лекарите, бактеријата влегла во крвта преку раната на јазикот и најверојатно е последица на употреба на инфициран прибор со кој бил извршен пирсингот.

OhridNews