Американка која ја уапсиле и ја тужеле бидејќи пцуела на својата ВЦ шолја, добила надомест од 15 000 евра од судот. Ја пријавил нејзиниот сосед, полицаец кој не бил на должност.


Обвинетата можела да заврши во затвор на 90 дена. Судијата проценил дека пцуењето не е против законот и дека тоа е нејзино граѓанско и човечко право. Жената е ослободена и си отишла дома со 15 000 евра во џебот.