Полицијата во Бејтаун, Тексас, ја уапсила Џесекаха Фју бидејќи не се појавила на суд поради неплатен долг за книги кои не ги вратила во библиотека. Враќањето на книгите бил дел од договорот кој го потпишала кога истите ги позајмила.


Од библиотеката велат дека на полицијата ги пријавуваат само оние случаи кај кои вредноста на книгите е поголема од 200 долари. Таа упорно тврдела дека книгите изгореле во пожар пред седум години. Ја уапсиле еден дена пред американскиот празник „Ден на благодарноста“.