Поранешен затвореник ја тужи затворската сестра откако од лекот добил несекојдневна нуспојава. Имено тој имал непрекината ерекција 55 часа. Го вратиле назад во келијата наместо на болница иако имал огромни болки.
Тврди дека поради погрешната дијагноза сега има сериозно повреден пенис, неможност за ејакулација и болен сексуален однос. За да врати некои функции ќе му треба операција, а моментално има проблеми во бракот кои исто така се резултат на инцидентот.