Индиецот Ваибав Беди бара оштета поголема од 20 илјади евра од фирмата Унилевер поради депресија и психолошка штета предизвикана од недостаток на „Axe“ ефектот. Судот во Њу Делхи се согласил на испитување на десетици полупотрошени шампони, гелови за туширање, дезодоранси и гелови за коса.
„Аxe“ е познат по сочните реклами со полуголи девојки кои се лепат на мажи. Беди вели дека бил излажан, бидејќи во рекламите тврдат дека жените ќе се фрлат на него доколку тој ги користи нивните производи. Го користел седум години а не му пришла ниту една жена. Фирмата Унилевер одбила да го коментира случајот.