Една американка изјавила дека била шокирана кога дознала кој е составот на кремот „Нутела“. Наместо здрави хранливи состојки, како што е претставено во рекламата, „Нутела“ била полоша од голем број производи и содржела опасно ниво на заситени масти. Жената која ја тужела компанијата била мајка на четири деца.
Таа тужбата ја поднела до сојузниот суд, и барала италијанската компанија „Фереро“, која го произведува кремот, да и плати неа, но и на илјадинци други американци кои го конзумирале овој производ во последниве десет години, колку што производот се наоѓа на американскиот пазар. Таа инсистира компанијата да покрене кампања на корективна реклама, и бара да се отстранат зборовите „Хранливо“, „Урамнотежено“, „Добро по здравјето“, „Богато со житарици“ и „Идеално за доручек“.