Неименуван италијанец од Рим ја тужел поранешната вереница за половина милион евра бидејќи го оставила пред олтарот. Додека пред црквата ја чекал жената со која планирал да го помине остатокот од животот, се појавил нејзиниот брат кој му рекол дека таа се откажала од венчавката бидејќи се заљубила во некој друг.
Свештеникот ги известил гостите дека дошле залудно и дека нема да има ништо од венчавката. Несудениот младоженец долго ја припремал венчавката и се платило неговото семејство. Приемот требало да се одржи во вила на влезот во Рим, медениот месец на Полинезија, а после тоа требало да се вселат во уреден и опремен стан по желба на невестата. Ја тужел за претрпениот шок, за вложените средства и за уништувањето на неговиот углед.