Само еден ден после венчавката, еден млад жител на Алжир одлучил да сврти нова страница и да ја тужи својата сопруга. Според пишувањата на локалните медиуми, тој својата штотуку венчана сопруга ја обвинил за измама откако утрото после првата брачна ноќ ја видел без шминка.

 

Во тужбата навел дека е многу помалку убава вез козметичките производи кои обично ги има на лицето. Увредениот младоженец дури и бара 20 илјади долари на име оштета поради преживеаниот психолошки шок. Младоженецот објаснил пред судот дека не ја препознал својата сопруга кога ја извадила шминката. Дури и за неа помисли дека е крадец кој влегол во куќата.