Еден човек кој имал 84 години тужел две големи банки во Варшава и барал оштета од 3750 евра и извинување бидејќи во нив немало тоалети за клиенти. Тој пред две години морал да чека еден час за да дојде на ред, па затоа ја замолил банкарската службеничка да му овозможи да оди во тоалет. Добил одговор дека банаката има тоалет само за своите вработени, а клиентите морале да се снаоѓаат сами.


Стариот човек, кој преживеал три инфаркти, морал да трча до првата капија и да ја изврши својата потреба таму. Неговиот адвокат пред судот изјавил дека тој се чувствувал одвратно. Бидејќи слична работа доживеал и во некоја друга банка, одлучил да се избори за тоа банките во иднина да мораат да им овозможат тоалет на своите клиенти, а аргументи за тоа пронашол во градежните закони.