Стефан Бенич од Мелбурн ќе го тужи одделот за образование во државата Викторија и австралиската влада бидејќи не го научиле на писменоста и основните математички операции. Неговите адвокати пред федералниот суд рекле дека иднината на момчето е доведена под знак прашалник и дека доведен во подредена положба бидејќи не го научиле на основните работи.
Момчето пати од пореметување во говорот, концентрацијата и хиперактивноста. Проблемот е што имал пореметувње и во учењето, а сепак неговиот коефициент на интелегнција бил превисок за да се школува по посебна програма. Го примиле во средно училиште иако писменоста ја владел како дете на 6 години. Освен за тужбата за лошо образование, Стефан ја тужи владата и за изгубена заработка во иднина.