Еден вработен во царината на Велика Британија, кој работел во одделот за имиграции, својата сопруга ја ставил на пописот на терористи за да го спречи нејзиното враќање во земјата. Жената отишла во посета на семејството во Пакистан. Кога сакала да се врати не можела да резервира авионска карта.
На аеродромот не сакале да и објаснат зошто не може да се качи на авионот. Го повикала сопругот и му се пожалила, а тој и рекол дека ќе види што може да стори. Цели три години не преземал ништо. Рекол дека тој период му бил еден од најсреќните во животот. Кога побарал унапредување, шефовите му ја покажале листата со имиња и го прашале зошто неговата сопруга се наоѓа на пописот. Немал избор па се им признал. Добил отказ, а не е познато како поминал кога неговата сопруга се вратила дома.