Еден бугарин ги дал последните пари кои ги имал, како би ја срушил куќата во која живеел со семејството, бидејќи повќе не можел да го отпалаќа долгот за хипотека. Земјиштето на кое била изградена куќата не било под хипотека, па семејството одлучило да ја сруши куќата и да ја „предаде“ на банката.
Тие истата ја срушиле и целиот градежен материјал и отпад го истовариле пред банката во која куќата била ставена под хипотека. Пред истоварот влегле во банката молејќи да не им ја земаат куќата. Откако директорот на банката тоа го одбил, сопственикот на куќата излегол пред банката и викнал: „Зете, не даваат отстапки… Истоварај!“. Така зетот, возачот на камионот ја „истоварил“ куќата пред банката.