Еден возач на камион кој на лото освоил 10 милиони евра одлучил да ја спаси од стечај фирмата во која работел, а тоа го сторил првенствено како би ги сочувал 15 работни места. Добитникот на премијата од покраината Нормандија за медиумите изјавил дека бил единствениот потенцијален купувач на фирмата во стечај, за која платил неколку стотини илјади евра.
Така станал сопственик на фирмата во која работел, колегите многу го почитувале, а го задржал и поранешниот сопственик на кој му оставил некои од овластувањата. Тој возел камион речиси 30 години, а ниту денес не се срами да седне зад воланот кога ќе има потреба. Нагласил дека парите ги троши разумно и дека нема секогаш да глуми спасител.