Британецот Грем Паркер во 1983 година купил Рубикова коцка од забава, не знаејќи дека ќе му бидат потребни 27 400 часа за да ја состави.

-Не можам да ви кажам колку ми е полесно. Целосно ме излудуваше, управуваше со мојот живот-изјавил Паркер за новинарите.


-Пропуштив неколку важни настани за да ја составам. Останував буден и ги разгледував можните решенија. Пријателите ми нудеа помош, но сакав сам да успеам. Ме болеа рамената по долгите часови составување, но вредеше – рекол Паркер.

Според Светското здружение, Паркеровите напори за составување на Рубиковата коцка се најдолги што се досега забележани.

Холанѓанецот Ерик Акерсдик е светски рекордер во брзо составување со резултат од 7.08 секунди.