Ханг Куи бил очаен. По тешка несреќа неговата сопруга паднала во кома и не се будела десет години.

– И пуштав музика, пеев, разговарав со неа, ја скокоткав, но ништо не успеваше-вели сопругот.


Прочитал дека многу нерви се наоѓаат на стапалата па се обидел да ја разбуди гризејќи и ги прстите на нозете – и успеал.

– Се шокирав кога ми ја стисна раката. Може да ги движи рацете и да се смее, но сеуште не може да зборува, рекол среќниот сопруг.