Идната невеста Џуд Онионс од Велика Битанија ја организирала својата девојачка вечер во Гепинг Гил, една од најголемите британски подземни пештери. Пештерата била отворена само еднаш годишно, а Џуд не сакала да ја испушти приликата и со 25 пријателки се забавувала 101 метар под земјата.
Сите девојки носеле гумени чизми и рударски капи, а во пештерата ги забавувал и бенд кој се симнал заедно со нив. Таа ќе се омажи со спелеологот Џони Латимер, со кого се запознала додека заедно волонтирале во пештерите во Велика Британија. Истакнале дека сакаат и нивните деца да станат спелеолози.