Еден Белгијанец тргнал во локалната пекара по пециво, свртел погрешно и завршил 400 километри подалеку во Германија. Пензионерот неколку часа возел по белгиските и германските патишта се додека не останал без гориво во баварското место Валдашаф.
Возачи го забележале како лута по патиштата и повикале полиција. Во полициската станица ги почекал роднините кои дошле по него. Неговата ќерка рекла дека знае често да се загуби, но дека никогаш до сега не стигнал до Баварија.