Катарина Миглиорни која има 20 години во својата намера да им помогне на сиромавите би можела да успее бидејќи за нејзината невиност веќе биле понудени 155 илјади долари. Парите сакала да ги донира до невладина организација која ќе изгради модерни куќи во нејзината земја. Младата бразилка ги отфрла тврдењата дека е проститутка и вели дека сеуште верува во љубовта, а во ова видела можност да направи позитивна промена во светот.

Таа на овој чекор се одлучила кога го видела огласот на продуцентот Томас Вилијам, кој во потрага по девица која би се согласила да сними филм. За снимањето на филмот ќе добие 20 илјади долари, додека од вкупната постигната цена а аукцијата 90 проценти ќе и припаднат неа. Аукцијата завршува на 15 октомври, а победникот ќе биде тестиран на полово пренесливи болести. Она што е посебно интересно е дека целото случување ќе биде во авион кој ќе патува од Австралија до Америка, како би се избегнале законите кои се однесуваат на проституцијата.