Една тинејџерка од Русија ја продала невиноста за 27.950 долари, пренеле агенциите. Оваа неименувана девојка која има 18 години, позната само како Шатуниха, ја рекламирала својата понуда на сајт за аукции, опишувајќи го својот „производ“ како „нов и неискористен“, со напомена дека и се неопходни 800 илјади руски рубљи, или околу 24 илјади долари.

Девојката од Сибир предложила состаној во хотел во Краснојарск, каде сакала да биде платена. Руската полиција рекла дека нема да го истражува случајот, бидејќи ниту таа ниту купувачот не го прекршиле законот. Таа на сајтот рекла дека итно и се потребни пари, па затоа ја продава најскапоцената работа која ја има. Името на наводниот купувач е Јевгениј волнов, а платил 900 илјади рубљи, нешто повеќе отколку што барала девојката.