Деветнаесетгодишниот Дуан од Тонган, во југоисточна Кина, пронашол купувач за својата само 18 дена ќерка преку социјалните мрежи. Тој ја продал за 23 илјади јуани, или околу 3200 евра. Освен Ајфонот, со тие пари таткото планирал да си купи и мотор. Додека неговата сопруга и мајка на продаденото девојче наводно работела и по неколку хонорарни работи дневно како би заработила пари за семејството, таткото поголемиот дел од времето го минувал во интернет кафеата.

 

Ќерката ја добиле после непланирана бременост и процениле дека немаат доволно пари да ја издржуваат. Мајката, откако се дознало за овој бизерен случај, изјавила дека и таа самата била посвоена. Во нејзиниот град многу луѓе своите деца ги давале на други да ги одгледуваат, и, како што вели, навистина не знаела дека тоа е противзаконски. Мајката е казнета условно со две и пол години затвор, додека човекот кој ја купил ќерката од Дуан самиот се предал на полицијата.