Еден маж од Калифорнија е уапсен откако во полиција пријавил дека ја продал ќерка си за 16 000 долари и 150 гајби пиво. Тој кажал дека договорениот износ не му е исплатен.
Марселино де Хесус Мартинез најпрво рекол дека неговата 14-годишна ќерка побегнала од куќата и отишла да живее со еден 18-годишник. Кога подоцна сфатил оти нема да ги добие ветените пари и пивото, а според некои извештаи и неколку килограми месо, повторно и се обратил на полицијата за помош. Очекувано, под обвинение за трговија со луѓе завршил во затвор, а наскоро е приведен и 18-годишникот поради сексуални односи со малолетничка.
Полицијата соопштила дека девојчето доброволно отишло да живее со него и оти тоа нема ништо да реши, бидејќи сексот со 14-годишна девојка автоматски се третира како силување, без оглед на нејзиното прифаќање.
За работите да бидат уште полоши за осудените, полицијата открила дека се илегални емигранти, па наскоро ќе бидат депортирани во Мексико.