Турската полиција оваа седмица уапсила еден човек кој два пати ја продал својата 12-годишна ќерка, првиот пат за четири крави, а вториот за околу 4800 евра. Локалните медиуми пишуваат дека исто така бил уапсен и вториот купувач, а по првиот сеуште се трага. Првиот пат ја продал на еден 29-годишен ѕидар со кого се венчала по верските обичаи пред имам.


Неколку месеци подоцна девојката, која во меѓувреме останала бремена, се вратила кај својот татко бидејќи не се согласувала со сопругот. Имала спонтан абортус. Само десет дена подоцна таткото повторно ја продал, овој пат на 20-годишниот Гокан Турк, кој веднаш платил аванс. Бидејќи одбивал да го плати остатокот од договорената сума бидејќи девојката не била невина, таткото го тужел поради неплатени долгови. По кратка истрага полицијата ја открила целата приказна и ги уапсила обајцата.