Студент од Полска ја пријавил својата мајка во полиција поради психичка тортура откако му рекла да се избања и да ја среди собата. Полицијата поитала да го спаси 22 годишниот Лукас Запаловски примајќи го неговиот повик за помош, во кој тврдел дека е жртва на насилство.


Меѓутоа, кога пристигнале во неговиот дом во Варшава, ја сретнале неговата бесна мајка која им објаснила дека од него бара само да се бања еднаш неделно и да ја средува собата.

Студентот кој се плаши од вода, сега го чека вистинска тортура за време на истрагата, која полицијата ја спровела поради лажна пријава.