Затекнат од изненадното доаѓање на својата девојка, американецот Кевин Гејлор повикал полиција и ја пријавил љубовницата како крадец.
Како што пишуваат медиумите, момчето требало да се состане во својот дом со жена со која стапил во контакт преку интернет, но непланирано прва дошла неговата вереница.
Кога се појавила другата жена, за да се спаси од несаканата ситуација, снаодливиот Гејлор повикал полиција и лажно ја пријавил како провалник.