Семејството Бредборн од Флорида својата градина ја преуредиле во стилот на Дизниленд. Томи и Енџи Бредборн во детството ги засакале ликовите од забавниот парк Дизниленд и својата љубов сакале да ја пренесат на децата. Како децата не би се посомневале во автентичноста на паркот, родителите ги однеле кај бабата Џен која со нив отишла во паркот.


За тоа време Томи и Енџи ја опремувале градината со разни украси. Сложиле железница во стилот на онаа од Дизниленд. Направиле и голем чајник во кој можат да си играат децата, а насекаде ставиле и вештачко цвеќе.