Вљубеникот во авиони Ентони Тот од Kалифорнија својата гаража ја претворил во кабина на Пан Ем Боинг 747 од 1980 година. Кабината е толку автентична што дури и има маски со кислород, делови за багажот, сигурносни упатства и вреќи за повраќање.
Тој е вработен во американската авионска компанија и во последниве 20 години вложил неколку илјади долари во проектот. Станал опседнат токму со тој тип авиони поради нивниот прекрасен ентериер. Кога имал само десет години ја изработил својата прва макета на внатрешност од авион.