Џесика Фиксл од Флорида полудела откако нејзината родена мајка и рекла дека спие со нејзиното момче. Соседите слушнале кавга и повикале полиција, но штом тие заминале Џесика ја претепала мајка си, и го изгребала лицето и и направила модринки по целото тело.


Од полицијата велат дека мајката ја предизвикала кавгата бидејќи отишла во собата на ќерката и го фатила момчето за тестисите и не сакала да го пушти. Џесика ја удрила по лицето и ја натерала да го пушти. Мајката на полицијата и раскажала дека најпрво таа била во едногодишна врска со момчето, но дека ќерката и го презела додека таа била во затвор.