Син претепал мајка во Скопје затоа што таа не му го препишала станот.
Како што информира МВР, На 01.04.2009 година во 19,20 часот во Скопје на ул.„Кеј 13-ти Ноември“ , во сопствениот дом М.П.(55) била физички нападната од страна на нејзиниот син А.П.(35), со удари со тупаници и клоци во пределот на главата и телото, а потоа ја заклучил во една од собите. На 02.04.2009 година во 17,30 часот А.П. ја пуштил да излезе од собата, по што истата побарала лекарска помош во Градска Општа болница-Скопје, каде е констатирана тешка телесна повреда (фрактура на 4 ребра) и е задржана на лекување.
Причина за нападот било тоа што М.П. не сакала да потпише купопродажен договор за стан. По целосно расчистување и документирање на случајот од страна на СВР Скопје против А.П. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
извор: МВР