Охриѓанецот Д.У. (1966) завчеравечер во бутикот „Ричи“ во Охрид, поради нарушени односи ја потурил со солна киселина својата сопруга П.У.(1970), информираше денеска МВР. Од солната киселина, таа не се здобила со потешки повреди бидејќи колешките веднаш ја полиле со вода. Таа има црвенило на лицето, а оштетена и е косата и облеката што ја носела, се наведува во полициското соопштение. На повредената и била укажана лекарска помош во Медицинскиот центар во Охрид. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Охрид, при што било пронајдено едно шише солна киселина кое било подигнато за вештачење. Д.У. е приведен во СВР-Охрид и со кривична пријава ќе биде предаден на истражен судија, информираше полицијата.
Во врска со условниот отпуст на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, Јавното обвинителство преку соопштение појаснува дека ниту еднаш не дало поз...
Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани и застои, во зимски услови, по наместа влажни коловози Снег провејува на патните правци Тетово-ПШапкаГостивар-Стража, Делчево и Страцин кој во...
Во понеделник, 13-ти јануари 2025 година, во 13:00 часот во Струга ќе биде оддадена последна почит на еден од најголемите чувари на македонскиот пишан збор, писателот и новинар Наум Бајо Роден на 3...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.