Полицијата во Британија истражува голем број на бизарни грабежи. Посериозно внимание и посветиле на кражбата кога крадец потурил жена со вода и во исто време и понудил помош во сушењето. Но по сушењето исчезнала чантата со 10.000 фунти.
Жртвата штотуку излегла од банката, а на тој начин се ограбени повеќе луѓе во Британија. Луѓето пред банката биле потурени со боја, путер од кикирики, кучешки измет, а на крајот сите останале без парите.