Деветгодишно момче ја испразнило касата на своите родители и потрошило повеќе од 3000 евра на слатки. Момчето од украинскиот град Конотоп ја зело цела заштеда на родителите која ја криеле во креветот во дневната соба. Исчезнувањето на парите прв го забелажал таткото на момчето кој пријавил во полиција.
По кратка семејна кавга момчето признало дека зело парите бидејќи сакало да купи слатки, но пари зело уште неколку пати и речиси потрошило околу 3000 евра. Парите биле во евра и долари, а момчето од пријател на родителите, кој имал ментални потешкотии, барал парите да му ги промени во украинска валута. Бидејќи не можел сам да ги изеде слатките, момчето ги делело со пријателите.