Инжинерот Марк Стивенс погледнал снимка со инструкции за породување кога неговата сопруга добила породилни болки. Таа се пораѓала четири часа пред амбулантната кола да стгне до нивниот дом. Таа подоцна изјавила дека планирале породување дома, но не на ваков начин.
Кога ги добила болките се јавиле во болница, но таму биле презафатени и им рекле да повикаат брза помош. Неколку часа порано Марк читал за пороѓање во случај да дојде до нешто неочекувано. Вели дека видеоснимките го смириле. Би се снашол секако но снимките многу му ја олесниле работата. Ова било нивно четврто дете.