Еден американец памети до неверојатни детали се што правел од својата петта година. Педесетиосумгодишниот Боб Петрл се сеќава со огромна прецизност на скоро сите ситници од својот живот. Минатата година се приклучил на едно истражување на Калифорнискиот Универзитет, каде му е дијагностицирана хипермнезија, односно појачана способност за помнење.


Во светот се откриени само четири такви случаи, а лекарите сеуште не знаат што ја предизвикува оваа појава. Боб својата способност ја открил уште во основно училиште кога не морал да учи за да добива највисоки оцени.
Вели дека ги памети сите телефонски броеви. Го изгубил лаптопот во 2006 година но немал никакви проблеми, бидејќи ги имал сите податоци во главата.

Овој човек живее нормален живот со своето семејство и работи како продуцент во една кабелска телевизија во Лос Анџелес. Пријателите кои го познаваат подолго време велат дека се сеуште запрепастени од неговите способности.