Мелита Џексон својата ќерка Хедер ја исфрлила од тестаментот само затоа што не и се допаѓало името на внуката. Имено, Хедер на својата петта ќерка и дала име Елен, а истото име го имала и некоја нивна роднина која Мелита не ја поднесувала. За да биде неволјата уште поголема, Мелита своето наследство го оставила на организациите за заштита на животните.


Инаку, мајката и ќерката за прв пат во сериозен конфликт дошле во 1970 година, кога Хедер побегнала од дома, како би живеела со момчето, кој не бил по вкусот на нејзината мајка. Затоа Мелита не ни присуствувала на нивната свадба, а повторно се сретнале дури во 1999 година. Хедер, после смртта на мајката преку адвокат се бори за имото за кој смета дека и припаѓа неа, а спорот со здруженијата за заштита на животните сеуште траел.