Една 47-годишна работничка од Гана, која 17 години работела во мала италијанска фабрика за производство на предмети од леано железо, е отпуштена од работа бидејќи пеела на работното место.

„Добила отказ по 17 години стаж, под изговор дека пеењето им смета на колегите“, вили шефот на одделот за металургија од синдикатот ЦГИЛ.

„Тоа беше само изговор на сопствениците за време на кризата да можат да отпуштат работник“, оценил шефот.
Синдикатот успеал на жената да и обезбеди оштета во висина од шест месечни плати, што е максимум кој може да се добие од компанија со помалку од 15 вработени.