Многу луѓе чувствуваат своевидна одбојност кон гуштерите, но тоа никако не е случај со една млада британка, која поради лекување на својот гуштер Џорџ ја откажала свадбата. Лизи Грифит, учителка од Лондон, го пронашла повредениот Џорџ и се вљубила во него. Го одвела дома и го негувала како би оздравел. Но, на гуштерот му се закомплицирала здравствената состојба откако му бил дијагностициран рак на лицето, кој не можел да се отстрани ниту после две операции.

Лизи се престрашила дека нејзиниот миленик би можел да умре, па одлучила да ја потроши целата заштеда за негово лекување. Иако хемотерапијата за животни сеуште е експериментална, Лизи одлучила да го подлегне Џорџ на таков вид лекување, за што потрошила повеќе од 3000 фунти. Но, по се изгледа терапијата навистина делувала, иако Лизи ги потрошила парите за свадбата со своето долгогодишно момче.