Во Велика Британија една жена ја откажала свадбата на својот брат, без негово знаење, затоа што не и се допаднала неговата избраничка, јавуваат медиумите. Ен Дафи го повикала локалниот матичар да му најави дека ја откажува церемонијата, 20 дена пред свадбата на нејзниот брат.
Матичарот потоа го повикал нејзиниот брат, додека таа сеуште била тука. Таа му рекла на својот брат дека го спасила од развод и дека ја откажала венчавката. Го запрашала дали треба да му испрати потврда. Сепак, не испаднало се според нејзиниот план. Вереницата ја известила полицијата за инцидентот и следниот ден повторно ја закажала венчавката.