Кинезот Ченг Ју од Пекинг побегнал од својата сопруга бидејќи го терала да јаде торта за секој оброк. На почетокот бил воодушевен од десертите на својата сопруга, но сега му се превртува во стомакот од секоја помисла на зборот торта.


Рекол дека се чувствува како канта за торти во која морал да внсува торта од сирење, овошна торта, торта од чоколадо… Несреќниот сопруг се заканил дека ќе се разведе од сопругата доколку таа не престане да прави торти.