Еден италијанец после 11 години заеднички живот се предомислив во врска со иднината, па ја оставил својата свршеница буквално пред олтарот. Кога свештеникот му го поставил судбоносното прашање, тој одговорил НЕ!

„Направив се што можам, но пред господ не можев да лажам“ – рекол 38 годишниот Демис Берто. Појаснил дека свршеницата во последно време му правела многу проблеми.


Берто, 39 годишната свршеница ја оставил пред олтарот и пред 181 гостин на венчавката во црква во близина на Падова.

Какви се проблемите што го навеле на ваква одлука, младоженецот не сакал да открие.