Сиромашен Германец ја оставил својата девојка во затвор бидејќи не сакал да плати казна од 250 евра. Магдалена Цервинска (34) е осудена на 15 дена затвор поради кражба. Да ја платела казната, ќе го избегнела затворот. Но, кога му се јавила на своето момче Макс Чустер и го замолила да плати, одбил и рекол дека ќе ги зачува парите за себе.
-Рече дека нема да дојде и така таа заглави во затвор – изјавил портпаролот на полицијата.
Луѓето немаат пари и штедат колку можат. Не се знае дали ќе останат заедно по нејзиното излегување од затвор.