Производителот на производи за коса „Хед Енд Шолдерс“, објавил во понеделникот дека отворил полиса за осигурување на косата на познатиот рагби играч Полман, вредна милион долари. Полман кој е роден во САД, но по потекло е од Самоа, рекол дека не ја стрижел косата од 2000 година, односно веќе десет години.
Минатата година неколку пати бил повреден, но пофторно се вратил на професионалното играње рагби. Бидејќи неговата коса неколку пати била на удар на натпреварите, не е дефинирано по какво оштетување би му било исплатено осигурувањето.