Еден Британец планирал да се ожени со својата свршеничка, но го спречила четиримесечната затворска казна која ја заработил поради грабеж. Досетливиот криминалец шверцувал мобилен телефон во строго чуваниот затвор во Рочестер. На Фејсбук и оставал љубовни пораки на свршеничката, а на кумот му давал инструкции. Се допишувал со пријателите секоја вечер. ЧДури и успеал да договори одела за себе и за кумот.
Кога поминувал покрај чуварите задоволно се смеел знаејќи дека ја планира својата свадба. Одлежал 21 ден повеќе бидејќи чуварите му откриле две сим картички. Доколку откриеле дека е стално на Фејсбук ќе имал уште поголеми проблеми. Со својата свршеничка веќе има две деца, а на пат е и третото бидејќи таа била бремена во осмиот месец.