Луксузната вила на американскиот актер Џорџ Клуни која ја има на италијанското езеро Комо е ограбена, а крадецот успеал да земе само едно шише вино. Медиумите, повикувајќи се на полициски извори, велат дека се сомневаат дека крадец е 29 години стар државјанин на Романија кој синоќа влегол во градината на вилата и зел едно шише вино. Потоа се обдел да влезе во вилата, но во тоа бил спречен од обезбедувањето.

Медиумите јавуваат дека осомничениот веднаш бил приведен. Клуни моментално живее во Лондон со својата вереница, 36-годишната адвокатка Амал Аламудин, со која треба да се венча во септември.