Полицијата го уапсила Стефорд Бенет два часа откако се обидел да ограби една девојка, бидејќи тој се вратил на местото на грабежот да ја повика својата жртва на состанок. Тој бил еден од тројцата членови на една банда кои многу често ограбувале девојки. Кога се обиделе да ја ограбат девојката се спасила затворајќи ја вратата од автомобилот, а крадците побегнале без пленот.
Но, романтичниот Стефон се појавил на нејзиниот куќен праг. Ја запрашал дали има момче и дали сака да излезе со него. Таа го препознала и го задржала се додека нејзината цимерка не повикала полиција. Го уапсиле и сега се наоѓа во затвор, а може да излезе со кауција од околу 50 илјади евра.