Неименуван човек упаднал во петокот ноќта во едно кафуле во белгискиот град Лиеж барајќи од вработените да му го предадат прометот, пренеле белгиските медиуми. Мислејќи дека е вооружен, еден од келнерите му пружил банкнота од 50 евра со која човекот веднаш се упатил кон автоматот за игри на среќа кој се наоѓал во самиот локал.


Додека ја испробувал среќата на автоматот, вработените повикале полиција која го уапсила на лице место.