Петнаесетгодишната германка Реџина Мајер не го добила од своите родители долгоочекуванот домашен миленик за јавање, па одлучила да направи коњ од својата крава. Младата Реџина ја научила својата крава Луна да прескокнува препреки.
Таа го сторила тоа на фарма во баварското место Лауфен, каде веќе две години секојдневно тренира со својата крава. Рекла дека на почетокот Луна мнгу брзо се изморувала и дека само по неколку метри со неа на грбот, кравата се изнемоштувала, но после многу напрони тренинзи, Луна станала издржлива.