Tренерот за птици Лојд Бак од Бристол, Велика Британија, тврди дека птицата Арни знае да изговори 30 зборови, да имитира мобилни телефони и да лета со брзина од 64 километри на час до неговиот автомобил, а сега и ќе глуми во филм.


Бак со години тренира птици и научил еден орел да лета со камера прицврстена за грбот, како и еден сокол да скока со падобранци. Арни го спасил откако бил исфрлен од гнездото. Да не бил тој птицата не би преживеала.