Еден човек во Израел поднел барање за развод од бракот бидејќи сопругата го запоставувала. Ако се земе во предвид дека посвоила 550 мачки, неговите причини се оправдани. Човекот се пожалил дека големиот број мачки му го прават животот неподнослив. Нагласил дека мачките му го блокирале влезот во тоалетот и му ја краделе храната од масата за време на ручекот.

Иако се обидел да ја прифати ситуацијата и да се смири со сопругата, почитувајќи ги упатствата на еврејскиот суд, на крајот сепак и порачал на сопругата да бира помеѓу него и мачките. На негова несреќа, таа на бракот му рекла збогум, па сега ужива со своите миленичиња.