Дечко ја нападнал својата девојка со сендвич, и тоа за време додека се возеле во автомобилот, па ризикувал и судар.
Што го натерало да ја нападне девојката со сендвич не е познато. Но, најпрво ја удрил по раката, а потоа во лицето, поради што и излетале очилата и ја загубила контролата над воланот.
Агресијата не застанала на прехрамбените производи. Деветнаесетгодишникот потоа го извадил внатрешниот ретровизор, и со него го ја скршил шофершајбната. Целата оваа работа завршила во полиција, од каде насилникот е пуштен по платена кауција од 5 700 долари.
Според верзијата на напаѓачот, не сакал да ја удри со рака, па одлучил да се послужи со сендвичот.