Германски брачен пар толку бил возбуден околу велигденските празници што својата куќа која се наоѓа во близината на Франкфурт ја украсил со 111 фигури и со 2222 обоени јајца. Тие ја украсувале својата куќа неколку денови.
На нивното дело не им се восхитувале само соседите и пријателите, туку доаѓале и луѓе од цела Германија. Посетителите исто така можат да донираат и пари кои одат во една детска болница.
Сопругот вели дека најдобрите идеи му доаѓаат на сред ноќ. Понекогаш ја будел својата сопруга и и’ кажувал дека добил сјајна идеа, но таа само му велела да ја запомни и да ја остави да спие. Секогаш измислуваат нешто ново. Сите пари кои ги добиваат ги даваат во хуманитарни цели и досега на детската болница и донирале околу 22 000 евра.